октомври 24, 2024

Македонија доби уште еден шампион. По Синиша Кочоски кој ја одбрани титулата во најсилната конкуренција во БМУ Европскиот шампионат, нов голем успех направи и Христијан Илиоски – Кико.
Имено, битолчанецот имаше фантастична мото-крос сезона и на доминантен начин стигна до историски трофеј и титулата регионален шампион.

Сезоната броеше 18 трки, а Македонецот успеа да извојува победи на СИТЕ! Печат на брилијантната сезона стави викендов, кога на патеката во Севлиево, Бугарија прв ја заврши целта.

Илиоски е еден од најголемите шампиони во нашата држава. Тој на почетокот на октомври успеа да стигне до својот 12-трофеј шампион на Македонија.

The post Македонија доби нов шампион-Христијан Илиоски – Кико, од 18 трки издвои 18 победи !!!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK