октомври 24, 2024

Во текот на снимањето на „Хари Потер и реликвиите на смртта 1“, Дејвид Холмс, кој бил дублер на Хари Потер, доживеал тешка повреда по што останал парализиран. Сега Редклиф учествува во снимањето на документарец за него.

„Дејвид Холмс: момчето кое преживеа“ е документарец кој наскоро ќе биде прикажуван на ХБО. Тој е посветен на човекот кој бил близок соработник на Даниел Редклиф на филмовите за Хари Потер, до моментот кога се здобил со тешки повреди на ‘рбетот во текот на снимањето на филмот во јануари 2009. Талентиран гимнастичар од Есекс, кој бил избран да го игра двојникот на Хари во првиот филм, си го скршил вратот и останал парализиран од градите надолу.

Во документарецот ќе бидат вклучени и снимки од зад сцената од неговите каскадерски способности, моменти од неговиот сегашен живот, како и интервјуа со Холмс, Редклив и други.

Холмс и Редклиф се запознале кога актерот имал само 11 години и станале многу блиски. По трагичната повреда, Даниел и најблиските колеги-каскадери се обидувале да го поддржат Дејвид и неговото семејство во најтешките моменти.

Режисер е Британецот Ден Хартли, а според ХБО филмот не е само приказна за еден човек и едно пријателство, туку покрива универзални теми за издржливоста и нескршливоста на човечкиот дух.

The post Даниел Редклиф продуцира документарец за неговиот пријател каскадер кој доживеал тешка повреда за време на снимањето на „Хари Потер“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK