октомври 24, 2024

Состојки:

– половина главица карфиол со средна големина

– грст прокељ

– 2 компири

– половина главица кромид

– 2 лажици неутрален крем

– 1 мало парче путер

– 4 јајца (по избор)

– 2 лажици масло од тиква

– 1 лажица маслиново масло

– зачини по вкус

Подготовка:

Карфиолот и прокељот измијте ги, исчистете ги и исечете ги на мали парчиња. Излупете ги компирите и исечете ги на парчиња.

На лажица маслиново масло пропржете го кромидот, па додајте ги карфиолот, компирот и прокељот. Потоа постепено додавајте околу еден литар вода. Кога ќе зоврие, оставете ја супата да се готви на умерен оган околу 10 минути или додека зеленчукот не омекне.

По желба во меѓувреме подгответе поширани јајца.

Кога сите состојки ќе омекнат ставете во блендер и бблендирајте. Потоа измешајте путер, неутрален крем и зачини по вкус во супата. Се добро измешајте, а ако манџата не е доволно кремаста, додадете уште малку неутрален крем.

Во чинијата (по желба) прво ставете го пошреното јајце, а потоа полека сипете го поташот. Сè прелијте со масло од тиква и послужете.

The post Рецепт за есенски поташ од карфиол appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK