октомври 24, 2024

Познатиот македонски естраден новинар и инфлуенсер, Зоран Василевски – Фаци, поради сериозни проблеми со здравјето заврши во болница.

Р Е К Л А М А
Василевски на својот Инстаграм профил се огласи од болница и кажа дека бил опериран на Одделот за реконструктивна хирургија во Државна болница.

Инаку, Зоки веќе еднаш беше опериран од канцер на ногата и неколку пати јавно говореше за тешкиот период низ кој поминувал тогаш, а често ја покажуваше и неговата лузна од операцијата.
Здраво драги мои. Ви се обраќам од Државна болница од Одделот за пластична хирургија. Добро сум, операцијата беше во 11 часот. Се освестив, цел ден спијам. Имам катетер, имам некакви чуда. Ви благодарам на сите за пораките, навистина ми значат, чувајте се. Си гледам сега тенис во соба. Тука сум со еден стар дедо, си правиме муабет. Наскоро ќе излезам па ќе се дружиме. Се надевам дека карциномот е минато и дека нема веќе да се врати никогаш. Го издржав ова многу храбро“, рече Зоки во видеото кое го сподели со своите фанови на Инстаграм.

The post Зоки Фаци се огласи од болница: „Се надевам дека карциномот е минато appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK