октомври 24, 2024

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата изјави дека неговата земја се подготвува за копнена офанзива во Појасот Газа и вети дека „скандалот“ на 7 октомври ќе биде предмет на темелна истрага по завршувањето на војната. Во таа прилика го цитираше и Стариот Завет, поконкретно зборовите на пророкот Исаија.

„Благодарам брза помош“: Потресна снимка од две момчиња на носилки во Газа ја покажа траумата со кои се соочуваат палестинските деца
Дала 15.000 евра за операција на нејзиниот син, а потоа следувала голема измама
ВО АВИОНОТ НА ВИЗЕР ОД БЕЛГРАД ЗА БАЗЕЛ Пилотот соопштил дека има дојава за бомба!
Петровска го посрамоти Ковачки: Јавното обвинителство веќе води истрага за сексуални малтретирања во Армијата
Груевски објави скандал тежок над 100 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве како ве крадат преку набавката на лекови од 2017 година навака
НЕТАНЈАХУ Цитира АПОКАЛИПТИЧЕН пасус од Стариот Завет: Ќе го исполниме пророштвото на Исаија!
Масакр во Америка;  Се бројат мртвите Пристигна предупредување: Не излегувајте 
НОВ НАПАД ВО УЧИЛИШТЕ! Момче (12) удрило наставничка во училишниот ходник, па избегало
Емили Ратајковски уловена како разменува страстни бакнежи на улиците на Париз со познат комичар

„Се подготвуваме за копнена инвазија на Газа“, рече Нетанјаху на прес-конференција, додавајќи дека времето за офанзивата ќе го одреди воената влада, без да даде дополнителни детали, пишува весникот „Једиот Ахронот“.

– Веќе убивме илјадници терористи и ова е само почеток. Во исто време се подготвуваме за копнена инвазија. Нема да елаборирам кога, како и колку. Исто така, нема да елаборирам за различните пресметки што ги правиме, а кои јавноста генерално не се запознаени и така треба да биде – рече Нетанјаху.

Тој рече дека операцијата има две цели: да се уништат можностите на палестинската група Хамас и да се направи се што е можно за ослободување на заложниците.

– Сите членови на Хамас ќе умрат над и под земја, внатре и надвор од Газа… Сега е време да се обединиме за една цел: да брзаме напред кон победата – рече Нетанјаху, зборувајќи за напредокот со плановите на Израел против групата Хамас во Газа.

Потоа се свртел кон пророштвото.

– Ние сме луѓе на светлината, тие се луѓе на темнината – и светлината ќе ја победи темнината… Со заеднички сили, со длабока вера во правдата на нашата кауза и во вечноста на Израел, ќе го исполниме пророштвото на Исаија . „Нема да се слуша повеќе насилство во вашата земја, пустош или уништување во вашите граници; но ѕидови ќе ги наречете спасение и порти фалба“, рече Нетанјаху, користејќи цитати од Стариот завет, книгата Исаија 60:18.

– Заедно ја исполнуваме борбата и заедно ќе победиме – заклучи Нетанјаху.

Што всушност му рекол на Нетанјаху?

Сепак, овде Нетанјаху изгледа си поигра малку со зборовите, бидејќи зборот „насилство“ на хебрејски звучи како зборот „Хамас“.

Така, горната реченица „Нема да се слуша повеќе насилство во вашата земја…“ може да се толкува како „Нема да се слуша повеќе за Хамас во вашата земја…“

Што, сепак, е целта на најавената офанзива на Израел – уништување на Хамас во Газа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK