октомври 24, 2024

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево од собраниската говорница истакна дека избори во земјава распишува претседателот на Собранието според рокови определени со закон и мандат на избраните функционери.

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево од собраниската говорница истакна дека избори во земјава распишува претседателот на Собранието според рокови определени со закон и мандат на избраните функционери.

„Благодарам брза помош“: Потресна снимка од две момчиња на носилки во Газа ја покажа траумата со кои се соочуваат палестинските деца
Дала 15.000 евра за операција на нејзиниот син, а потоа следувала голема измама
ВО АВИОНОТ НА ВИЗЕР ОД БЕЛГРАД ЗА БАЗЕЛ Пилотот соопштил дека има дојава за бомба!
Петровска го посрамоти Ковачки: Јавното обвинителство веќе води истрага за сексуални малтретирања во Армијата
Груевски објави скандал тежок над 100 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве како ве крадат преку набавката на лекови од 2017 година навака
НЕТАНЈАХУ Цитира АПОКАЛИПТИЧЕН пасус од Стариот Завет: Ќе го исполниме пророштвото на Исаија!
Масакр во Америка;  Се бројат мртвите Пристигна предупредување: Не излегувајте 
НОВ НАПАД ВО УЧИЛИШТЕ! Момче (12) удрило наставничка во училишниот ходник, па избегало
Емили Ратајковски уловена како разменува страстни бакнежи на улиците на Париз со познат комичар
Ковачевски: Изборите ги распишува претседателот на Собранието според рокови определени со закон

-Избори во оваа држава согласно закон и Устав распишува претседател на Собранието во рокови определени согласно закон и мандат на избраните функционери. Кога зборуваме за избори, вие треба да се потсетите во тоа време дека избори се организираа така како што ќе и дојдеше на наоѓање на политичката околност на вашата партија и затоа парламентарни избори имавме скоро секоја година или секои две години, а некогаш се случуваше кога едни избори ќе завршат во една година за неколку месеци да има други избори, рече Ковачевски одговарајќи на прашање за изборите од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Премиерот нагласи дека во Министерството за правда постои работна група во која учествуваат претставници од политичките партии освен ВМРО-ДПМНЕ, каде се подготвуваат измените на Изборниот законик согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР.

-Во Министерството за правда постои работна група, во која учествуваат претставници на политички партии, освен ВМРО-ДПМНЕ. Од кои причини? Не знам. Тоа веројатно е наследство од пристапот кој што вашата партија го имаше во текот на споменатите 11 години кога беа дерогирани и институции, систем и закони и кога по политичка волја се носеа заклучоци, процеси кои што се спроведуваа. Таму се прават измените согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР и се надевам дека ќе пратите претставници за да можат да ги погледнат и да ги дадат своите забелешки, рече Ковачевски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK