мај 12, 2024

Познатиот актер и миленик на жените Ченинг Тејтум и неговата колешка Зои Кравиц, ќерка на музичарот Лени Кравиц и актерката Лиза Бонет, решија да ја официјализираат својата врска.

Ченинг и Зои првпат беа видени заедно во 2021 година, а набрзо потврдија дека се во врска.

Иако не сакаат јавно да ја изложуваат својата интимност и не сакаат да зборуваат за нивната врска, извори блиски до парот за „Пипл“ изјавиле дека тие двајца се свршени.

Неодамна беа фотографирани како заминуваат од забава за Ноќта на вештерките, а многумина забележаа веренички прстен на раката на младата актерка.

Кравиц беше маскиран во Розмари Вудхаус од познатиот филм „Бебето на Розмари“, додека Тејтум беше маскиран во бебе.

Парот засега не се огласи во врска со свршувачката.

Текстот Се верија Ченинг Тејтум и Зои Кравиц: На раката на ќерката на Лени Кравиц блесна прстен е превземен од МАКФАКС.

The post Се верија Ченинг Тејтум и Зои Кравиц: На раката на ќерката на Лени Кравиц блесна прстен appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK