Новиот бот ERNIE „не е инфериорен во однос на GPT-4 во ниту еден аспект“, вели Baidu.
Кинеската компанија Baidu ја претстави најновата верзија на својот четбот базиран на вештачка интелигенција ERNIE 4.0 и објави дека го достигна нивото на конкурентниот производ ChatGPT-4, на американската компанија Open AI во однос на капацитетот на меморијата.
Најмалку 130 големи јазични модели базирани на вештачка интелигенција се произведени во Кина, што претставува 40 отсто од светското производство. Уделот на САД е 50 отсто, пренесува британски Економист.
Новиот ERNIE бот „не е инфериорен во однос на GPT-4 во ниту еден поглед“, рече извршниот директор на Baidu, милијардерот Робин Ли.
Тој демонстрираше како ботот ERNIE може да генерира реклама за автомобил за неколку минути, да решава комплицирани математички проблеми и да создаде заплет за роман за боречки вештини од нула, пренесува CNN.
Ботот работи главно на мандарински кинески, неговиот примарен јазик, а исто така може да обработува прашања и да дава одговори на англиски јазик на помалку напредно ниво.
Ли рече дека ботот е „значително подобрен“ во смисла на разбирање прашања, генерирање сложени одговори и способности за меморија.
„Отсекогаш се жалевме дека вештачката интелигенција (AI) не е доволно паметна, но денес таа разбира речиси сè што ќе кажете и во многу случаи ве разбира подобро од вашите пријатели и колеги“, рече Ли.
Некои критичари велат дека новите понуди од кинески фирми ќе поттикнат ривалство меѓу САД и Кина на полето на новите технологии, но Ли го отфрли тоа тврдење, велејќи дека ERNIE „не е алатка за конфронтација“ меѓу Вашингтон и Пекинг.
The post Кинескиот четбот ERNIE го достигна нивото на американскиот ChatGPT-4 appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде