октомври 25, 2024

Зградата во близина на Визбегово – порано служеше за свадби, сега е изнајмена од Државна Лотарија за голема сума. Има четири ката и поткровје, се наоѓа на 7 километри од центарот на Скопје и од актуелното седиште на Државна Лотарија. Во истражувањата на „Слободна Европа“ и „Фокус“ беше посочено дека фирмата Хеј ДООЕЛ го купила земјиштето и објектот, по што склучиле договор за закуп со Лотарија за 2,6 милиони евра. Зделката дополнително е потврдена за сомнителна, откако Финансиската полиција отвори предистрага и според сознанија на Телма одзела документација од Лотаријата за да истражи дали има нерегуларности.

Но, фирмата „Хеј“ поврзува повеќе функционери и блиски роднини на политичари од ДУИ. Во моментот, сопственик на фирмата е Асмир Јахоски, сопственик на Пуцко Петрол и син на Исмаил Јахоски, актуелен пратеник во Собранието. Тој станал сопственик на „Хеј“ на 17-ти октомври, а зделката е регистрирана во Централниот регистар десетина денови подоцна. Оттогаш претходниот сопственик Армин Машовиќ станал само управител на фирмата која е формирана на 2-ри февруари оваа година и за кратко време склучува милионски договор со Лотарија.

Директор на Лотарија е Перпарим Бајрами кој според опозицијата е близок соработник и поранешен шеф на кабинет на Артан Груби, но вицепремиерот смета дека тоа е лажна вест и дека Бајрами никогаш не бил ниту вработен во кабинетот, ниту асистент, а најмалку шеф.

Дополнително, старата адреса на „Хеј“ до јули оваа година е зградата во Карпош залепена до трговскиот центар Лептокарија. На адреса на истиот објект изграден од Пуцко Петрол, регистрирана е и фирмата на зетот на Али Ахмети, Куштрим Смајлај.

Извори од Финансиска полиција не ги коментираа наводите дека син на пратеник на ДУИ станал сопственик на фирма со објект изнајмен на Државна Лотарија управувана од директор поставен од ДУИ.
Извор Телма Тв

The post “Падна лото во Визбегово”– Среќниот добитник е син на пратеник од ДУИ appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK