октомври 25, 2024

Македонската асоција на новинари целосно застана во одбрана и поддршка на Канал 5 ТВ и на директорот Иван Мирчевски по вечерашната дебата во емисијата „Само вистина“.

Директорот на Канал 5 телевизија, Иван Мирчевски се вклучи во емисијата „Само вистина“ и му рече на поранешниот пратеник Исмет Рамадани да ја напушти емисијата.

Рамадани гостуваше во емисијата на Канал 5 и ја обвини телевизијата дека пропагира етничка дискриминација на Албанците.
На ваквите негови наводи жестоко се спротивстави директорот на телевизијата, Иван Мирчевски, кој му порача дека е крајно неприфатливо што воопшто помислил нешто такво.Мирчевски рече дека телевизијата е отворена за сите националности, дека Албанците на ниеден начин не биле дискредитирани, а уште помалку дека имало некаква дискриминација.
По инцидентот реагираше Македонската асоцијација на новинари (МАН).

„Македонската асоција на новинари целосно застанува во одбрана и поддршка на Канал 5 ТВ, реакцијата на директорот Иван Мирчевски и новинарот водител Александар Видиновски како и колегата гостин во емсијата Горан Момироски, по вечерашната дебата во емисијата „Само вистина“ каде политичарот и советник во владата Исмет Рамадани неосновано ги обвини за предизвикување национална нетрпеливост.
-Со етикетирањето на национална основа, Исмет Рамадани ја загрозува безбедноста на новинарите учесници во дебата, како и на Канал 5 ТВ.
МАН ги осудува сите политичари, советници и владини функционери, како и аналитичари кои со години полесно или потешко, и без одговорност јавно навредуваат цели медиуми, новинари, ги етикетираат, па дури и ги обвинуваат за сторени кривични дела како говор на омраза или национална нетрпеливост.
Канал 5 секогаш покажува висок степен на професионализам и конструктивно етичко дебатирање во своите емисии.

Го повикуваме Исмет Рамадани веднаш да се извини до редакцијата на Канал 5 ТВ. Доколку не се извини, МАН заедно со Канал 5 Тв ќе ги преземе сите правни мерки за заштита на новинарите и медиумот“ – се вели во соопштението на МАН.

The post Директорот на Канал 5 телевизија го избрка Исмет Рамадани од емисијата по обвинувањата за етничка дискриминација appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK