мај 1, 2024

Смртни закани во пораки на социјалните мрежи од профили на бугарски граѓани, но и од Македонци кои се декларираат како Бугари, добива пејачот Ламбе Алабаковски, откако го опожари клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола. Ова го изјави во судница како сведок на обвинителството во судскиот процес против Љупчо Георгиевски, поранешен претседател на згаснатиот бугарски клуб, кому му се суди за предизвикување омраза и дискриминација кон македонскиот народ и придобивките од НОБ.

„Најчесто добивам директни пораки со смртна закана кон мене и кон моето семејство. И ден денес ги добивам тие пораки“, рече сведокот Ламбе Алабаковски.

Алабаковски ги објасни и мотивите за опожарувањето на објектот и рече го призна делото и веќе има пресуда.

„Не смее да има таков клуб со име на докажан фашист како што е Ванчо Михајлов“, додаде Алабаковски.

Бранителот на обвинетитот Георгиевски, Насер Рауфи, го праша Алабаковски дали има доказ дека Ванчо Михајлов е фашист. Тој одби да одговори, а на прашањето на Рауфи приговараше обвинителката Оливера Нечаковска.

„Дали се согласувате со мене дека против господинот Ванчо Михајлов нема пресуда дека тој е фашист“, рече Рауфи.

„Приговарам судија, дали за Хитлер има пресуда дека е фашист?!“, праша обвинителката Оливера Нечаковска.

„Судија ова е провокација“, рече Рауфи.

„Приговарате или не приговарате“, праша судијата Цветанка Никодиновска од ОС Битола.

Следното рочиште е закажано за декември, кога треба да се сослушаат и други сведоци на обвинителството и одбраната. Клубот „Ванчо Михајлов“ е избришан од централен регистар со одлука на министерот за правда, затоа што ги повредува националните чувства на Македонците поради неговата соработка со фашистичкиот окупатор, а обвинителство во мај поднесе обвинение за претседателот на клубот Љупчо Георгиевски.

Емилија Мисирлиевски

The post Ламбе од судница порача: На клуб со име на докажан фашист, не му е место во Битола appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK