април 30, 2024

Ѕвездата на „Пријатели“, Метју Пери, беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес. Актерот имаше 54 години, а неговата помошничка го пронашла во џакузито во саботата околу 16 часот. Зад себе остави огромно богатство, кое се брои во милиони.

Метју Пери добивал по 800 илјади долари за секоја епизода во 7. и 8. сезона на „Пријатели“ и до милион долари за секоја епизода во 9. и 10. сезона. Се проценува дека за улогата на Чендлер Бинг заработил околу 90 милиони долари.

Според странските медиуми, се претпоставува дека тој во моментот на смртта имал околу 120 милиони долари. Освен тоа, Метју Пери бил познат и на пазарот на недвижности во Калифорнија, па во периодот од 2015 до 2021 година продал дури четири имоти, од кои секој вредел повеќе од 10 милиони долари.

Со оглед на тоа дека Метју Пери нема деца и никогаш не бил оженет, целото богатство им припаѓа на неговите родители, Џо Бенет Пери (кој и самиот е актер) и мајката Сузан Ленгфорд.

Во една пригода актерот се осврна на незгодното прашање за смртта.

„Кога ќе умрам, знам дека ќе се зборува само за ‘пријателите’. И јас сум среќен поради тоа, среќен сум што завршив добра работа како актер, но кога ќе умрам, би сакал повеќе да се пишува за тоа колку им помагав на другите“, изјави Метју пред неколку години.

Текстот Откриено кој ќе го наследи огромното богатство на Метју Пери: само од „Пријатели“ заработил многу пари, а имал и бизнис за кој многумина не знаеле е превземен од МАКФАКС.

The post Откриено кој ќе го наследи огромното богатство на Метју Пери: само од „Пријатели“ заработил многу пари, а имал и бизнис за кој многумина не знаеле appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK