Данокот на солидарност, односно тоа законско решение беше спроведено низ транспарентен и сеопфатен процес, разговаравме со сите заинтересирани страни, разговаравме со одите, со интелектуалната заедница, имаше работна група од сите институции кои беа дел од законското решение и сето она што би се собрало од данокот на солидарност ќе влезе во пакет антикризни мерки за помош на оние на кои им е најпотребно, изјави директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
НОВ ЏАМБУС ВО АЛБАНСКОТО СОБРАНИЕ: Социјалистите ја претепаа опозицијата, а потоа интервенираше Саљи Бериша
Предлог-закон за амнестија денеска на собраниска седница ВМРО-ДПМНЕ објави пет илјади амандмани
Пендаровски: Оценка за мојот мандат ќе дадат граѓаните
НЕПОКОЛЕБЛИВА СОЛИДАРНОСТ СО ИЗРАЕЛ! – Олаф Шолц разговараше со Бенјамин Нетанјаху: Клучна е заштитата на цивилите и хуманитарната помош
Лукаревска: Данокот за солидарност ќе биде посветен на пакетот антикризни мерки за најзагрозените граѓани
Лукаревска нагласи дека тоа не е нешто ново во европската регулатива, туку е законско решение и принцип на дејствување во Велика Британија, Хрватска, Италија.
„Станува збор за фирми кои доставиле соодветни податоци во својот даночен биланс и имаат остварено приходи од над 10 милиони евра во 2022 година.Тоа е едниот критериум, а другиот критериум е тие приходи да се за 20 отсто поголеми од приходите остварени во последните четири години“, рече Лукаревска.
Таа потсети дека првично рокот за плаќање бил 25 октомври и дека досега 99 даночни обврзници го платиле овој данок, некои фирми извршиле делумно плаќање.
Целта не беше да објавиме дека ќе ги блокираме сметките, туку да имаме соодветни законски рокови, се со цел да не се изгуби таа соодветна динамика.
Следете не, не има насекаде
