октомври 25, 2024

Растенијата со силен мирис и вкус имаат силно антибактериско дејство,затоа користете ги како додаток во оброците или пијалоците.
Плодовите на природата од памтивек се користат за зачувување на здравјето и помош при разни болести,а повеќето лекови на современата медицина се базираат токму на корените, лисјата,цветовите,плодовите и минералите кои не опкружуваат.

Зајакнете го вашиот имунитет со три од најмоќните природни антибиотици.

Масло од оригано
Ова магично масло се добива од листовите на растението оригано.Покрај мирисот и аромата кои совршено се комбинираат со многу јадења,бројни студии покажаа дека маслото од оригано е моќен борец против инфекции благодарение на состојката наречена карвакрол.

Многу мала доза од ова масло има антибактериски својства против дури 25 различни видови бактерии.Дозирање:три пати на ден додадете една до четири капки во шолја чај или чаша цеден сок.

Лук
Се додава во оброците во форма на прав или ситно сецкан.Неговиот силен мирис го прави совршен зачин,а познато е дека ова е неговата сезона бидејќи е одличен природен антибиотик кој не ги уништува нашите здрави бактерии,како што тоа го прават хемиските антибиотици.

Неговата состојка алицин го забавува растот на бактериите и го спречува развојот на габите,па затоа е многу ефикасен како лек против настинка и грип.

Дозирање:две до четири лажици дневно како додаток на оброци или салати.Оние на кои не им пречи мирисот и вкусот,можат да го јадат сиров.

Лути пиперки
Лутите или чили пиперките уште од античко време ги препорачува кинеската алтернативна медицина како аналгетик за болки и како антибактериски агенс.Сушени,а најчесто мелени,поради својот вкус одлично одат со многу јадења и десерти,па затоа се користат главно како зачини.

Дозирање: пола кафена лажичка дневно како додаток на оброк.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK