октомври 25, 2024

Кралицата Летиција од Шпанија во петокот го посети 23. Филмски фестивал Опера Прима во Тудела. Кралицата расположена се фотографираше со обожавателите на настанот.

За овој настан, кралицата Летиција избра светло сив миди фустан со долги ракави со V-деколте, преклоп и набори. Фустанот со недовршен раб е дел од понудата на брендот Cortana.

Во комбинација со фустанот, кралицата носеше и чизми кои најчесто сака да ги носи.

Тоа е модел над колена. Чизмите од брендот Nina Ricci се со висока потпетица, а кралицата веќе некое време ги има во својот гардеробер.

Инаку, чизмите над колена не се вообичаен дел од гардеробата на членовите на кралските семејства, но кралицата Летиција обожава да ги носи и има неколку модели кои секогаш ги комбинира на соодветен начин.

The post Кралицата Летиција се појави во најдобрите есенски чизми што ги носи со години appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK