октомври 26, 2024

Нападите врз полициските службеници мора да запрат! Ова е пораката која денес од Штип ја испрати полицискиот караван.

Велат, полицајците сè почесто ја напуштаат полицијата, бидејќи супермаркетите во државата плаќаат повеќе.

Повредени полициски службеници, палење на возила, но и закани по живот на фамилиите на полицајците, ова е капката која ја прелеа чашата, тврди претседателот на Независниот Синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев.

Главната причина за првиот протест да се одржи токму во Штип биле моментално четворицата суспендирани штипски службеници. А каква е реакцијата на Министерството за внатрешни работи по денешниот протест и барањата на полициските службеници, од таму за ТВ 24 велат дека засега немаат коментар, само кратко одговорија дека протестот е демократско право.

Инаку, независниот Синдикат на Полицијата продолжува со серијата протести кои ќе бидат организирани во повеќе градови, следниот е закажан во Струмица.

The post Полицајците ја напуштаат полицијата- Супермаркетите плаќаат подобро !!!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK