Компанијата AMD ги претстави новите процесори Ryzen Threadripper PRO 7000 WX-Series, кои, како што велат, се наменети за „професионалци и компании“.
Процесорите се базирани на архитектурата Zen 4, имаат до 96 јадра и се засилени со технологии како AMD PRO и бројни други безбедносни и контролни функции.
Покрај оваа серија, AMD го претстави и Ryzen Threadripper 7000, означувајќи го враќањето во High-End Desktop околината за прв пат во последните три години. И овие, како и верзијата PRO, се базираат на архитектурата Zen 4, но имаат до 64 јадра.
Новите процесори ќе бидат достапни за купување од 21 ноември.
The post (ВИДЕО) Пристигнува AMD Ryzen Threadripper 7000: за професионалци (и оние на кои им се допаѓа) appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде