Тој нагласи дека сите конфликти завршуваат со преговори и и’ порача на Украина дека, колку побрзо го сфати тоа, толку подобро.
Русија ќе се обиде да стави крај на конфликтот во Украина што е можно поскоро, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Путин рече дека целта на Русија не е да поттикне воен удар, туку да стави крај на војната.
„Тоа е она за што се стремиме и ќе продолжиме да се стремиме кон тоа. Ќе се обидеме да го завршиме што е можно поскоро“, рече Путин, говорејќи пред новинарите по состанокот на Државниот совет. На прес-конференција Путин рече дека испораката на американскиот противвоздушен ракетен систем „Патриот“ само го продолжува конфликтот, пренесува РИА Новости.
Тој нагласи дека сите конфликти завршуваат со преговори и и’ порача на Украина дека колку побрзо го сфати тоа, толку подобро. Рускиот претседател рече и дека моменталната ситуација во светот нема да ја спречи Русија да ги спроведе своите планови за иднината, вклучително и оние во 2023 година.
Следете не, не има насекаде