октомври 25, 2024

Додека македонската железница пропаѓа, косовската влада денеска организираше свеченост по повод завршувањето на работите на реконструкција на пругата од Косово Поле кај Приштина до македонската граница, до местото Генерал Јанковиќ (Хани и Елезит). Премиерот Аљбин Курти рече дека станува збор за пруга по сите европски стандарди со 13 нови мостови и седум тунели од кои еден е долг 262 метри, а друг 122 метри, а кои беа разурнати за време на војната од деведесетите години. Според Курти, станува збор за еден од најважните инфраструктурни проекти за поврзување на Косово со регионот. Целта е поврзување на Косово со Скопје и Солун. Во план е почеток на избрадба на пруга која Косово ќе го поврзе со Драч, Албанија.

Со 7 тунели и 13 нови мостови Косово направи европска пруга до македонската граница

Во соопштението на Владата на Косово се наведува дека вредноста на работите на оваа железничка делница е над 164 милиони евра, додека над 200 милиони евра е планираната вредност за преостанатиот сегмент до Митровица и од Митровица до северната граница на Косово.

The post Со 7 тунели и 13 нови мостови Косово направи европска пруга до македонската граница appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK