октомври 25, 2024

Албанската гранична полиција спречила обид за шверц на добиток од македонска на албанска територија преку зелениот појас на границата кај Дебар.

Приведени се две лица, жители на селото Маќелари, кое е во близина на албанско-македонската граница, кај преминот Блато.

-Приведени се Ф.З.(55) и П.Х.(51), двајцата жители на Маќелари,  кои беа фатени од страна на граничната полиција  додека превезувале неколку грла крупен добиток без соодветна документација, кој го прошверцувале преку зелената граница со Северна Македонија, стои во полициското соопштение.

Двајцата ќе одговараат пред Обвинителството и судот во Пешкопеја.

Според албанските медиуми, во истрагата ќе соработуваат со македонските колеги со цел откривање на лицата вмешани во нелегалната трговија со добиток. Додаваат дека поради повисоката цена на месото во Албанија  зачестени се обидите за шверц на добиток. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK