октомври 25, 2024

Нашиот народ е познат како одличен домаќин, па трпезата за секоја свечена прилика да биде богата, шопската салата секогаш треба да биде задолжителна на менито.

Без шопската салата не може да помине ниту еден ручек кај нас, па токму таа важи за една од омилените салати која може да се комбинира со речиси секое јадење.

Се верува дека името го добила по Шопите, народ којшто живеел на подрачјето на Шоплук.

Состојки:

200 грама бело, солено сирење;3 пиперки (бабури);3 домати;3 свежи краставици;1 голема главица кромид;магдонос;2/3 лажици масло;2/3 лажици јаболков или вински оцет.

Подготовка:
Измијте ги доматите и пиперките, а краставицата излупете ја. Пиперките исечете ги на половина, отстранете ги семките, па исечете ги на еднакви коцкички.

Доматот и краставичката исто така исечкајте ги на коцки. Кромидот излупете го, па дел од него исечете го на тенки кругови, а дел на ситни коцкички.

Насечканиот зеленчук ставете го во подлабок сад (круговите кромид оставете ги на страна), прелијте го со оцет и масло и добро измешајте. Над салатата додадете ги круговите кромид, додадете ситно рендано сирење, па над него додадете сечкан магдонос.

На здравје!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK