октомври 26, 2024

Во процесот на слабеење, често постои желба за старите навики – како што се консумирањето слатки и грицки. Затоа, не е лошо да ги знаете причините за оваа ваша потреба и да ги спречите кога ќе одлучите да ја промените исхраната.

Нутриционистката и авторка на книгата „The Superfood Swap“, ДЈ Блатнер навела неколку од најчестите грешки кои ги правиме и ни укажува како да се ослободиме од потребите.

Јадење „досадни“ оброци
Кога се одлучувате за диета, најчесто избирате одредени намирници кои се сметаат за нискокалорични. На овој начин се ограничувате и вашата исхрана станува, да речеме, „досадна“. Според нутриционистката Блатнер, пожелно е да ја направите вашата храна вкусна со додавање на зачини, сосови, па дури и помфрит. Така ќе имате разновидна понуда и ќе ја намалите желбата за несакани и калорични оброци.

Стрес
Стресот може да влијае на вашето ментално и физичко здравје, а познато е дека многу луѓе посегнуваат по храна кога се под стрес. Затоа, треба да го намалите нивото на стрес што е можно повеќе и да го промените вашето размислување. Иако не можеме секогаш да ги контролираме стресните ситуации, важно е секојдневно да се трудиме да отфрламе што повеќе негативни мисли.

Не јадете доволно протеини
Протеинот е вредна хранлива материја бидејќи е доста заситувачка и ви ја дава потребната енергија помеѓу оброците. Исто така, протеинот може да ви помогне да јадете помалку во текот на денот. Во текот на процесот на слабеење, пожелно е да внесувате поголема количина на протеини.

Прескокнување оброци или исфрлање одредена група намирници
Доколку предолго не јадете или доколку не ги јадете сите групи на намирници ќе бидете прилично гладни.

Всушност ова е причината зошто посегнувате по нешто брзо, лесно, вкусно и обично богато со рафинирани јаглехидрати. Затоа, обидете се да ги планирате вашите избалансирани оброци.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK