октомври 26, 2024

Метју Пери беше погребан во тајност во петокот, на гробиштата во Лос Анџелес, а до вечниот дом го придружуваа најблиските членови на семејството и славната петорка која глумеше со него во серијата „Пријатели“ – Кортни Кокс, Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Дејвид Швимер и Мет Либланк.

Пред куќата во која живееше познатиот актер обожавателите оставија цвеќиња и разни симболични предмети поврзани со неговиот живот и кариера.

Заедно со букетите цвеќе, на влезот во куќата беа оставени и фотографии од актерите од „Пријатели“, кадри од сцени со Чендлер, како и цртеж на Бетмен, кого Метју го обожавал.

Фановите се собраа во голем број и запалија свеќи за починатиот актер.

Со цел сè да помине без проблеми, членовите на семејството ангажирале чувари да ја чуваат куќата на Метју Пери.

The post Трогателни сцени пред домот на Метју Пери: фановите и пријателите му оддадоа почит на актерот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK