октомври 26, 2024

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев веќе долги години е страсен вљубеник на планинското мото рели. Речиси секое слободно време дури и како градоначалник, го користи за со својот мотор на четири тркала да прошета по струмичките планини. Најчесто го прави тоа со своите пријатели и другари, членови на Мото клубот АТВ Струмица, што го формираа пред 7 години.

Но, неговите почетоци во возењето мотоцикли на четири тркала не биле лесни. Заев во 2009, Заев паднал од штотуку купениот мотоцикл „хонда“ на планината Беласица и си го скрши десното рамо.

Тогаш Заев за медиумите откри како се случило тоа: На тромеѓето паднав. Многу ме болеше. Сакаа да ми го стават рамото во гипс, но поради секојдневните обврски, не сакав. Го фиксираа рамото и бев со ортопедски стегачи. Се надевам дека брзо ќе оздравам“, изјави во октомври 2009 градоначалникот Заев, кога на седница дојде со ортопедски стегачи.

Во мај, 2010, Заев падна на моторели низ Беласица и го скрши скочниот зглоб на десната нога !!!
Девет месеци подоцна, во мај 2010, Заев повторно имаше незгода со „хондата“ на моторели низ планината Беласица. Кај селото Три Води. на еден од свијоците. изгубил контрола и паднал и го скрши скочниот зглоб на десната нога.

„Кога сакаме да спортуваме се случуваат и такви работи. Не возев брзо, но се случи“, кусо изјави тогаш Заев, кој ногата во лонгета мораше да ја носи три недели.

За време на пожарот над Струмица во јули 2012, тој со неговиот мотор спасуваше граѓани меѓу пламените јазици и стрмните предели над градот.

Заев честопати беше дел и од мотокрос рели трките, што се организираа на локалитетот Тркања, од автомото клубот Џип рели од Скопје. Сепак, сите негови настапи беа ревијални, иако кога возеше, имаше желба да биде приближно со исто време како натпреварувачите.

Тој вели дека автомото спорот го крева адреналинот.

The post Заев е страшен моторџија, иако два пати се скршил од паѓање !!!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK