октомври 26, 2024

Американските медиуми јавуваат за понудата на анонимен милијардер, кој бара станари за својот рајски остров на Карибите. Приказната оди приближно вака: ако сте млади, убави и подготвени да живеете во тропски рај една година, тој ќе ви плати 185.000 долари за тоа.

Мистериозен милијардер на среќната двојка ѝ нуди 185.000 долари за да помине една година на неговиот приватен остров на Карибите, но има одредени услови.

Имено, според огласот објавен од агенцијата за вработување „Ферфакс и Кенсингтон“, се очекува избраниот пар да работи со полно работно време промовирајќи го приватниот остров на социјалните мрежи.

Нивната главна задача би била секојдневно да снимаат на Британските Девствени Острови, документирање на напредокот и изградбата на недвижен имот за да го прикажат ова место како вистинска мала луксузна оаза.

Џорџ Дан од агенцијата „Ферфакс и Кенсингтон“ нагласи дека сопственикот сака да ја истакне убавината на својот остров, но за тоа сака да ангажира инфлуенсери да го направат тоа.

Текстот Милијардер бара двајца инфлуенсери на кои ќе им плати за да поминат една година на Карибите е превземен од МАКФАКС.

The post Милијардер бара двајца инфлуенсери на кои ќе им плати за да поминат една година на Карибите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK