октомври 26, 2024

Првите луѓе на неколку агенции под покровителство на Обединетите нации денес побараа итен прекин на огнот во Појасот Газа, по речиси еден месец војна во палестинската енклава и откако здравствените власти во Појасот Газа објавија дека уште десетици луѓе загинале во нападите на израелските воени авиони и Армијата преку ноќ.

Владата се пофали: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години,во октомври рекордно 17.769 вработени
Благодариме, но нема потреба! | Папата Франциск бил одбиен во обидот да посредува за мир во Украина
Изненадување за Блинкен, Хакан не му возврати со прегратка
АКО ПАДНЕ БЛИСКИОТ ИСТОК, СЛЕДНА Е ЕВРОПА! – ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД БЕНЈАМИН НЕТАНЈАХУ
Цигарите поскапеа за 10 денари, два месеци пред најавеното поскапување
Кожата на ајкулата може да се користи за заздравување на раните и регенерација на ткивата
Гутереш: Газа „станува гробишта за деца“, веднаш прекинете го огнот
Првите луѓе на важни институции во ОН побараа итен прекин на огнот во Појасот Газа: Ова мора да престане
Судската драма се заплетка, претседателката на Врховниот Суд, Беса Адеми не се одзва на поканата на Судскиот совет

„Ни треба итен прекин на огнот. Што е многу, е многу. Поминаа 30 дена. Ова мора веднаш да престане“, се наведува во заедничката изјава 18 потписници и претставници на ОН, меѓу кои и високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Тирк, првиот човек на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус и директорот на итната помош на ОН, Мартин Грифитс.

Израел досега успеа да го ублажи растечкиот меѓународен притисок за прекин на операциите, објаснувајќи дека Хамас прво мора да ги ослободи заложниците кои ги киднапираше минатиот месец, пренесува медиумската агенција Reuters.

„Целото население беше опколено и нападнато, им беше оневозможен пристап до основните работи за преживување, беа бомбардирани во нивните домови, засолништа, болници и места за богослужба. Ова е неприфатливо“, се наведува во заедничкото соопштение.

Повеќе од 10.000 Палестинци се убиени во акциите на израелската Армија во Појасот Газа од 7. октомври, кога почнаа судирите меѓу Израел и Хамас, соопштија денес претходно здравствените власти во Појасот Газа.

Како што е наведено, досега се убиени 10.022 Палестинци, од кои 4.104 деца и 2.641 жени. Бројот на ранети од почетокот на конфликтот достигна 25.408.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK