октомври 26, 2024

 Во периодот од 30 октомври до 5 ноември годинава приведени се над 60 лица по разни основи, за недозволена трговија со дрога, разбојништво, тешки кражби, криумчарење мигранти, дрвокрадци, лица барани со потерница, приредување игри на среќа без лиценца, наведува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објава на Фејсбук.

Како што истакнува Спасовски, во посочениот период преземени се засилени оперативни мерки и превентивни активности во функција на поголема безбедност на граѓаните.

По преземени мерки на секторите за внатрешни работи низ државата како и мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата, издадени се 3452 прекршочни платни налози за сторени сообраќајни прекршоци, а остварени се и 13 превентивни активности на теми превенција од трговија со дрога, врсничко насилство и безбедност во училишта, безбедност во сообраќајот.

-Продолжуваме – транспарентно и отчетно!, истакнува Спасовски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK