октомври 26, 2024

Патниците од Велес утрово на Железничката станица во Велес беа разочарани што не можат да се качат на единстевниот воз што доаѓа од Битола преку Прилеп и Велес за Скопје, а кој по возен ред во Велес поаѓа во 5:46 часот.

Пожар на пругата го запре единствениот воз кој сообраќа во Македонија
Трамп ја одби поканата на Зеленски да го посети Киев: Тоа би било несоодветно
Пател: За САД е апсолутно неприфатлив коментарот на израелскиот министер за нуклеарен напад врз Газа
Брнабиќ по средбата со Си: Кина никогаш нема да го промени ставот за Косово
Бајден и Нетанјаху разговараа за можноста за тактички паузи во нападите врз Газа
Силјановска-Давкова „не може со сигурност да каже“ дали повторно ќе се кандидира за претседател
ИЗРАЕЛЦИТЕ НЕ СЕ ПЛАШАТ, СТИГААТ НОВИТЕ „ЖЕЛЕЗНИ КУПОЛИ“: Масовно вооружување на еврејската држава
Кралицата Камила во фустан што многу малку членови на кралското семејство го носат
„Земјата ќе се наполни со Африканци“, Абилекај: Придобивката на Албанија со имигрантите е нула

Како што информираа за МИА од Железничката станица во Велес, причина било запалено стрниште покрај пругата кое се проширило и запалило и прагови на пругата, поради што железничкиот сообраќај е во прекин. Се работи на повторно оспособување на пругата.

Според информацијата од Центраот за управување со кризи вчера попладне била запалена ниска вегетација по што се запалиле и прагови на пругата помеѓу селата Слепче и Браилово, прилепско.Со брза и ефикасна интервениција на пожарникарите од ТППЕ Прилеп пожарот синоќа бил изгаснат.

Ова е трето онеспособување на пругата на релација кај селото Браилово поради изгорени прагови, а поради третпат за месец и половина во прекин е возот на релација Битола-Прилеп-Велес-Скопје и обратно.Првиот прекин односно илјади изгорени прагови на пругата кај Браилово прилепско имаше на 25 септември,а поради што 8 дена возот беше во прекин. Вториот пожар на стрниште по што беа зафатени околу 200 прагови на пругата кај Браилово Прилепско беше на 12 октомври и неколку дена возот повторно беше во прекин.

Воедно, од 25 октомври со одлука на МЖ Транспорт наместо три сообраќа само еден воз на релација Битола-Прилеп-Велес-Скопје и обратно. По денешното повторно горење на прагови на пругата во прилепско сега во прекин е единствениот патнички воз на оваа релација.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK