октомври 26, 2024

Познатиот специјалист инфекјтолог Вело Марковски вчера се вакцинираше против сезонски грип и порача дека „грипот за разлика од короната е сериозна болест“.

Русите отворија повеќе од 2.000 фирми во Србија: Ова се нивните главни бизниси во Белград
ОМД: ВЛАДАТА ИТНО ДА ГО ОТСТРАНИ СПОМЕНИКОТ НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА ВО СОПОТ!
Вело Марковски: Грипот за разлика од Короната е сериозна болест
Пожар на пругата го запре единствениот воз кој сообраќа во Македонија
Трамп ја одби поканата на Зеленски да го посети Киев: Тоа би било несоодветно
Пател: За САД е апсолутно неприфатлив коментарот на израелскиот министер за нуклеарен напад врз Газа
Брнабиќ по средбата со Си: Кина никогаш нема да го промени ставот за Косово
Бајден и Нетанјаху разговараа за можноста за тактички паузи во нападите врз Газа
Силјановска-Давкова „не може со сигурност да каже“ дали повторно ќе се кандидира за претседател

„Јас денес се вакцинирав. Сите што се во таканаречени ризични групи: болни со малигни заболувања, постари од 65 години, бремени, луѓе со сериозни хронични состојби (срцеви, белодробни, бубрежни, хематолошки…) ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ. Компликациите после прележување на сезонски грип можат да бидат фатални за припадниците на ризичните групи“, порача професорот.

Министерството за здравство набави 60 илјади дози од четиритипна вакцина и неколку пати во јавноста од таму порачуваат дека интересот е голем за вакцинација. Со бесплатната вакцинација против сезонски грип се опфатени следните ризични групи: стари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лица вработени во установи за социјална заштита на стари лица

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK