октомври 26, 2024

Динамичниот дух на латинотанците го размрда ноемвриското есенско сивило во главниот град. Светското првенство во латинотанци вчера почна во хотелот „Александар палас“ во Скопје и предвидено е да трае до 10 ноември 2023. Скопје е почесен домаќин на годинешното Светско првенство во латинотанци, на кое учествуваат над 2.000 танчари од 22 земји во светот, а тие се натпреваруваат во повеќе категории, како соло изведби, рутини за парови и возбудливи групни прикази.

Наградуваните македонски танцови студија, Eat the Beat и Break a leg, како организатори на годинешното првенство и постигнатиот успех Скопје да е домаќин на настан од глобален размер, успеаја да ја мапираат Македонија на почесната мапа на светски метрополи и градови во кои се организира ова традиционално, но сепак модерно танцово натпреварување во латино.

„Овие денови Скопје, дефинитивно, танцува во латиноритам, а со тоа горди сме што сме дел од една убава уметничка приказна, доловена од многубројни талентирани латинотанчари од целиот свет, дојдени во Македонија за да ја пренесат токму моќта на танцот. Ги покануваме сите љубители на танго, самба, бачата, салса, ча-ча-ча или, пак, меренге, да дојдат и да се сведоци на уникатната глетка на изведбата на искусните учесници на најпознатите латинотанци во светот. Како домаќини, ветуваме дека ќе оставиме траен впечаток кај сите посетители и учесници. И покрај културните разлики на 22-те земји учеснички, сигурни сме дека страста и љубовта кон латинотанците е заедничкиот јазик, кој ги спојува и зближува сите земји, кои се присутни деновиве во главниот град. Долгогодишното искуство и високото ниво на професионализам на Eat the Beat и Break a leg е и повеќе од доволна причина и потврда дека Македонија има капацитет да ѝ биде доделена палката за организација на првенство од ваков светски размер. За нас е голем предизвик да се создаде ваква платформа во срцето на Балканот, каде што очите на светот ќе го видат квалитетот и вложениот труд на 22 земји учеснички во Скопје. За нас, а се надеваме и за целата јавност, ова првенство претставува многу повеќе од еден обичен традиционален натпревар. Светското првенство во латинотанци овие денови има главна улога во танцовата изведба на славење на љубовта кон ритмичкиот израз на културата, историјата и традицијата на латинотанците – нешто што се негува многу одамна во целиот свет, а и во Македонија“, изјавија организаторите на годинешното Светско првенство.

Организаторите ветуваат незаборавно латиноамериканско искуство за целата јавност во Македонија и пошироко, како и за сите вљубеници во динамиката и страста на ритмите, со кои се поистоветуваат многуте видови латинотанци како неминовен дел од годинешниот забавен шампионат.

Текстот Скопје домаќин на 2.000 танчари од 22 земји – почна Светското првенство во латинотанци е превземен од МАКФАКС.

The post Скопје домаќин на 2.000 танчари од 22 земји – почна Светското првенство во латинотанци appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK