октомври 26, 2024

Најновиот остров на светот плови од морето покрај брегот на јапонскиот остров Иво Џима во Тихиот Океан.

Јапонската метеоролошка агенција (JMA) изјави за Си-ен-ен дека неименуваниот остров е формиран од подводна вулканска ерупција, пишува N1.

Излегувањето на островот од океанот беше документирано на фотографии направени од Националните поморски одбранбени сили на 1 ноември.

Japan gets a new island after undersea volcano erupts https://t.co/vh3HfJRIMz

— The Guardian (@guardian) November 9, 2023

Фотографиите покажуваат мала ерупција, која испраќа темен облак од пепел над малиот остров, кој сега е дел од синџирот на островите Огасавара.

JMA бележи вулканска активност во областа од минатата година, но Институтот за истражување на земјотреси на Универзитетот во Токио потврди дека ерупцијата што го формира островот се случила на 30 октомври.

Сецуја Накада, почесен професор по вулканологија на Универзитетот во Токио, оваа недела за The Japan Times изјави дека магмата била под вода некое време пред конечно да се издигне на површината.

Островот, според порталот, се наоѓа на околу 1.200 километри јужно од копното на Јапонија и на еден километар од Иво Џима, островот на кој се воделе некои од најжестоките битки во Втората светска војна на Пацификот.

Американските маринци се бореа со десетици илјади јапонски гарнизони во битка во која загинаа повеќе од 7.000 Американци и 22.000 јапонски војници.

Текстот Светот доби нов остров: подводна вулканска ерупција создаде чудо во Јапонија е превземен од МАКФАКС.

The post Светот доби нов остров: подводна вулканска ерупција создаде чудо во Јапонија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK