октомври 26, 2024

Старлетата Ким Кардашијан е активно ангажирана во својот моден бренд „SKIMS“ и постојано претставува нови производи.

Таа сега реши да ги здружи силите со познатиот бренд за накит „Сваровски“ и создаде колекција блескава облека „Сваровски и СКИМС“.

Нејзиниот потег е инспириран од познатиот фустан што Мерилин Монро го носеше во 1962 година кога му ја отпеа роденденската песна на тогашниот американски претседател Џон Кенеди.

Ким го облече оригиналниот фустан на Мерлин Монро на Мет Гала и предизвика скандал, бидејќи многумина веруваа дека фустанот не треба да се вади од музејот и дека е невозможно да не се оштети, бидејќи Ким е градена сосема поинаку од Мерлин.

Кардашијан сега на отворањето на продавницата „Сваровски“ во Њујорк се појави во фустан од нејзината нова колекција, а се работи за кратка креација која целосно се состои од кристали Сваровски. Креативната директорка на Сваровски, Џована Енгелберт е воодушевена од соработката со Ким.

„Откако станав креативен директор на „Swarovski“, сакав да соработувам со „SKIMS“, кој е вкоренет во идејата кристалот да стане кожа. Работевме со Ким за да создадеме накит за тело и многу повеќе, а сето тоа може да се стилизира на многу начини и да го истакне гламурот во нас. Едвај чекам да ви ја покажам целата колекција“, напиша Џована на Инстаграм.

Од друга страна, ниту Кардашијан не го крие задоволството од соработката.

„Отсекогаш сум била девојка од кристали“, напиша таа.

The post Ким Кардашијан се појави облечена во кристали Сваровски: креацијата привлече големо внимание, а инспирација и беше познатата Мерлин Монро appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK