октомври 26, 2024

Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ноќеска 20 минути по полноќ на подрачјето на Бит-пазар лишила од слобода тројца малолетници од Скопје кои извршиле разбојништво.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, тие вчера околу 23.15 часот во Градскиот парк во Скопје  од две лица одзеле пари заканувајќи им се со остар предмет.

-Со нив бил извршен разговор во присуство на нивните родители, а кај едно од лицата биле пронајдени дел од одземените пари, наведува МВР.

По целосно документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Центар и Бит-пазар ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK