октомври 26, 2024

Осум лица се повредени во сообраќајната незгода што се случи попладнево во 14:50 часот на регионалниот пат Велес – село Извор меѓу две комбиња, патничко и товарно. Лицата се со повреди на главата од ударот во стаклото од двете возила и, според првичната информација, се вон животна опасност, информираат од Брзата помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес. По укажаната прва помош сите лица се однесени во Општата болница – Велес. Во болницата се уште се вршат прегледи на донесените осум лица и на уште неколкумината повредени во сообраќајката кои сами дошле или биле донесени со приватни коли во Болницата.

-Тимот на Хирушки клиники при ЈЗУ Општа болница Велес се уште врши прегледи на повредените, по што ќе знаеме колку и какви повреди имаат, појасни Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Регионалниот пат Велес – село Извор најпрво беше блокиран за сообраќај, а од 17:00 часот, како што информира АМСМ, се одвива наизменично.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK