октомври 27, 2024

Санкционирани се 258 возачи  на територијата на СВР Скопје во контролите во областа на сообраќајот спроведени во текот на вчерашниот ден.  За возење повеќе од дозволената брзина изречени се 64 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, пет санкции за возачи почетници, информира Министерството за внатрешни работи. 

Изречени се и 16 мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK