октомври 26, 2024

Во документот, објавен од Одделот за јавно здравје во Лос Анџелес, а до кој дојде The Blast, се наведува дека причината за смртта на Пери е „одложена“ во очекување на деталната анализа на неговите токсиколошки резултати, откако првичните резултати покажале дека тој нема траги од нелегални супстанци фентанил и метамфетамин, објави Индипендент.

МАСК ОД ЗЕЛЕНСКИ! Милијардерот има ЈАСНА ПОРАКА за украинскиот претседател: Нема потреба да го правиш тоа, Володимир (ВИДЕО)
Украинците го нападнаа рускиот тенк со дрон, руски војници се гледаат како бегаат во страв
Израел со експресен одговор до Макрон: Сите мртви во Газа се одговорност на Хамас
Вучиќ го отфрли ставот на американскиот амбасадор на Косово за формирање на ЗСО
Официјално е објавена причината за смртта на Метју Пери
Земал капар од 6000 евра за стан кој веќе бил продаден: Кривична за тетовец поради измама
Левица: Европската Комисија против Законот за медиуми на СДС и ДПМНЕ
Пендаровски: Не смее да постои етикетирање, дискредитација и обиди за регулирање на новинари и медиуми
Денеска се празнува Преподобната маченичка Анастасија Римјанка

Во документот се вели и дека актерот починал на 28 октомври во 16:17 часот во својот дом во Лос Анџелес и дека неговото безживотно тело било пронајдено во џакузи.

Во изводот на смртта стои и дека Пери работел во забавната индустрија како актер 38 години, а се наведува и дека сите потребни информации на истражителите им ги дал неговиот очув Кит Морисон.

Да потсетиме, најблиските пријатели и семејството на починатиот актер се собраа на интимна церемонија во Меморијалниот парк Forest Lawn во Лос Анџелес, во близина на студиото Warner Bros за последен пат да се простат од Пери.

Заедно со бројни пријатели и членови на семејството, на погребот беа и колегите од „Пријатели“, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер. „Анистон беше една од првите кои пристигнаа на погребот“, изјави извор за Дејли Мејл.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK