октомври 26, 2024

Со клоци и боксови, среде работно време напаѓачи влегле во Техномаркет и истепале вработен. Крвничкото претепување е регистрирано на видео надзорот од салонот. Видеото го објави Курир. Од Министерството за внатрешни работи за Слободен печат велат дека станува збор за расчистен настан кој се случил на 25 септември годинава. Полициски службеници од единицата за насилен криминал при СВР Скопје, по преземени мерки и активности на 25 септември ги лишиле од слобода 25 годишниот Ф.В. и 33 годишниот А.Ф. од Скопје затоа што во продажен објект кај арената ,,Тоше Проески” физички го нападнале вработениот А.В. од Скопје. Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Против нив е поднесена кривична пријава а од страна на судија на претходна постапка определена им е мерка домашен притвор.
ВИДЕО ТУКА

The post ВИДЕО: Напаѓачи претепуваат вработен на Техномаркет среде Скопје appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK