октомври 26, 2024

Независниот синдикат на здравствени работници во петок почнува протест кој ќе се одвива на паузите од 10 и 30 до 11 часот. Ако владата и министерствата не ги послушаат нивните барања, тогаш ќе го радикализираат протестот и ќе дојдат пред владата. Здравствените работници бараат повисоки плати за 30 проценти, бенифициран работен стаж, трансформација на вработувањата на неопределено и зголемување на коефициентите.

НАСТАВНИЧКА СИЛУВАЛА УЧЕНИК, МУ ДАВАЛА АЛКОХОЛ И ДРОГА: Со месеци сексуално експлоатирала момче (14), можеби не е единствената жртва
Рама: Агентите на хаосот сакаат да го пренесат конфликтот од Газа на Балканот!
Хрватскиот министер кој предизвика тешка сообраќајна несреќа се соочува со казна затвор од 3 до 15 години!
На здравствените работници им пукна филмот: ДОЈДЕТЕ ДА ВИДИТЕ КАКО РАБОТИМЕ!
Курти: Косово се соочува со безбедносни закани од Србија
СДСМ се пофали: Маричиќ избран за член на претседателството на ПЕС, Шекеринска доби нов мандат како потпретседател
Голем пропалестински протест во Лондон, немири меѓу противниците и полицијата: Многу апсења
Ники Минаж жали што направила пластична операција: И претходно изгледав добро
Мицкоски нема да биде “шпицен”, ќе биде носител во првата изборна единица

Ако го сакате народот и се грижите за здравјето на граѓаните, тогаш треба да се грижите и за нас кои им го чуваме здравјето. Дојдете и видете во какви услови работиме и колку можеме во вакви услови во денот со тој персонал, да се понуди хумано лекување на луѓето. Ако навистина ги сакате, треба да проверите како се работи и што правиме за да им ја дадеме таа услужна дејност на пациентите, изјави Кристина Олевска претседателка на независниот синдикат на здравствени работници на ГОБ 8 Септември.

Еден од предлозите на независниот синдикат е високата плата на функционерите што се зголеми за 78 проценти, да се оданочува со 40 проценти.

Еден од нашите предлози е да се оданочува високата плата на функционерите со 30 до 40 проценти, или солидарен фонд, изјави Боби Бојчевски, национален координатор за здравство на КСОМ.

Понатаму, предлозите се да се ослободат здравствените установи од плаќање вода и струја по индустриска тарифа и да се укинат економските директори.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK