октомври 26, 2024

Виена доби нова фонтана што свечено беше отворена од австрискиот претседател Александар Ван дер Белен и градоначалникот на Виена Мајкл Лудвиг, кои го поздравија „извонредниот дизајн инспириран од реалноста, која вешто го пренесува чувството на заедница“.

Тоа не е обична фонтана, на својата веб-страница Виена наведува дека одбележува 150 години од првиот водовод, кој ја донесе бистрата животворна течност од Алпите во тогашниот главен град на Империјата.

Но изгледот на фонтаната наиде на остри критики на „Икс“, поранешен „Твитер“. Социајлната мрежа е преплавена со објави кои го исмејуваат делото, а дел од нив го опишаа „најгрдата фонтана што некогаш ја виделе“, додека дури забележаа фигура во стилот на „Мишелин“ меѓу скулптурите. Дел од граѓаните преку социјалните мрежи ги прозваа надлежните затоа што за изградба на таа зграда се издвоени 1,8 милиони евра.

A new fountain has been unveiled in Vienna, celebrating 150 years of the city’s spring water supply.

This is what they came up with, at a cost of €1.8 million of taxpayers’ money…pic.twitter.com/BXPOM3vNbU

— Culture Critic (@Culture_Crit) October 30, 2023

„Изгледа како нешто што четиригодишно дете би направило од пластелин“, „Вака се користат парите на даночните обврзници во Виена“, „Бев инспириран од фонтаната да ја редизајнирам“, „Добар пример за управувана деградација на уметноста и културата“, се само дел од коментарите.

 

Текстот Фонтана ги налути жителите на Виена: „Изгледа како да ја правело дете со пластелин, а чини 2 милиони евра“ е превземен од МАКФАКС.

The post Фонтана ги налути жителите на Виена: „Изгледа како да ја правело дете со пластелин, а чини 2 милиони евра“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK