октомври 26, 2024

Од Јавното претпријатие „Улици и патишта“ информираат дека денеска ќе има пренасочување на сообраќајот во општина Ѓорче Петров. Ќе се врши монтажа на нови портални и конзолни семафорски столбови, како и нова семафорска инсталација на крстосницата на улиците „Ѓорче Петров“ и „Знеполе“.

– Поради изведба на активностите за монтажа, во периодот од 8 до 11 часот, сообраќајот ќе биде комплетно затворен на потегот од крстосницата на улица „Ѓорче Петров“ со улица „Македонски војски“, до крстосницата на улица „Ѓорче Петров“ со улица „Никола Пускаров“ – семафорите кај старата општина Ѓорче Петров, се појаснува во соопштението на претпријатието.

Пренасочувањето на сообраќајот ќе биде на улицата „Борис Сарафов“ и на овие локации, како и на сите останати внатрешни приоди, ќе биде поставена соодветна сигнализација.

Од претпријатието апелираат за трпеливост во сообраќајот, до завршување на активностите за монтажа на новите семафори. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK