јули 6, 2024

Белото месо е доста здраво и погодно за сите оние кои се грижат за својата исхрана. Секако, ако го варите или подготвувате на скара. Но, постојат некои јадења од бело месо на кои е тешко да им се одолее, а поради состојките кои се користат не спаѓаат во оние здрави јадења. Таков е и овој рецепт за похувано бело месо полнето со пиперка и пармезан. Наодолив оброк кој ќе ве одушеви, а еднаш месечно смеете да се почастите и со нешто што не е топлку здраво.

Потребни состојки:
500 гр пилешко филе
20 мл масло
2 чешниња лук
1 нишка магдонос
½ пиперка
20 гр пармезан
2 јајца
50 гр презла

Подготовка:
Месото исечкајте го на парчиња за шницли, па истапкајте ги. Потоа во сад измешајте сечкан магдонос, масло и толчен лук. Со добиената смеса премачкајте го месото, па наредете ја пиперката исечката на ситни коцки, а потоа посипете пармезан. Ролајте. Потоа валкајте во изматените јајца, па во презлата и испржете ги на малку масло.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK