октомври 27, 2024

На 12.11.2023 околу 05.30 часот на автопатот А1, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор  Богородица ги лишиле од слобода Р.М.(47) и П.Ј.(51), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека со возило „опел астра” со кумановски регистарски ознаки биле претходница на патничко возило „рено меган” со кумановски регистарски ознаки, во кое околу 01.30 часот биле пронајдени мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, околу 01.30 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица на автопатот А1 бил даден знак за запирање на возилото „рено меган”, но возилото продолжило со движење, скршило рампа на наплатата станица Смоквица, по што излетало од патот, а возачот го напуштил местото. Притоа, во возилото биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK