октомври 27, 2024

Салатата со киноа и зеленчук е идеална за вечера, бидејќи намирниците кои се наоѓаат во неа се богат извор на магнезиум и минерали кои се неопходни за добар сон.

Магнезиумот делува така што ја зголемува гама-аминобутерната киселина во мозокот која го „забавува“ размислувањето и помага да заспиете. Ако немате семки од тиква, можете да додадете семки од сончоглед или бадеми.

Потребни состојки:

1 шолја киноа1 тиквичканеколку перца млад кромид1 морков1 лимонмалку магдоноссол, бибер, маслиново масло2 лажици семки од тиква

Начин на подготовка:
Измијте ја киноата, а потоа оставете ја да отстои во вода неколку часа, притоа менувајќи ја водата неколку пати. Внимавајте зрната да бидат целосно покриени. Во меѓувреме сварете ги тиквичката и морковот (ако сакате, можете да ги додадете и свежи).

Потоа, киноата варете ја во вода во која ќе додадете малку сол, околу 15 минути. Процедете и оставете да се излади, а потоа зачинете по вкус и додајте сок од 1 лимон во неа.

Младиот кромид и магдоносот ситно исечкајте го. Во поголем сад добро промешајте ги сите состојки, додајте малку маслиново масло и зачини по желба.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK