октомври 27, 2024

Пропржете компири, печурки и пиперки и направете вкусна вечера за целото семејство. Може да ви послужи и како гарнир за месо за ручек.

Компирите се практична и евтина храна од која можете да направите широк спектар на јадења. Обично одат одлично во комбинација со месо, зеленчук, може да се додадат и во тесто… а најчесто се служат како прилог.

Доколку сакате да јадете компири, ви предлагаме да го пробате овој рецепт. Додадете пржени печурки и пиперки и за малку пари направете совршено вкусно јадење кое ќе го сака целото семејство.

Потребни состојки:

300 гр печурки
2 бабури (жолта и црвена)
1 кромид
700 гр компири
½ нишка магдонос
масло
сол
бибер
Подготовка:

Во тавче на масло пропржете ги сечканите печурки, па додадете пиперки и кромид исечкани на ребра. Зачинете со сол и бибер, а потоа измешајте и динстајте додека не омекнат. Во друго тавче на малку масло пропржете ги ситно сечканите компири. Зачинете со сол и бибер. Потоа во сад измешајте ги пржените компири со печурките, пиперките и кромидот, по потреба додадете уште зачини, па убаво измешајте. Посипете со сечкан магдонос.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK