септември 23, 2024

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ, изрази разочараност по синоќешниот пораз на македонскиот кошаркарски првак против Сплит на домашен терен (80-85) во рамки на регионалната кошаркарска АНА лига.

-Игравме како што се договоривме до последната четвртина во која апсолутно не бевме активни во нападот. Премногу ја држевме топката, немавме контрола на офанзивните акции и сето тоа ни се одрази. Две грешки во одбраната доведоа до две тројки и тоа беше веќе крај, изјави Петровиќ.

-Ова е навистина тежок пораз иако има уште многу да се игра во лигата. Штета е на ваков начин да се губи натпревар во кој имаш контрола. Сметам дека имавме големи шанси да победиме, ама тоа не се случи, додаде стратегот на МЗТ Скопје.

Македонскиот претставник во АБА лигата со овој пораз остана на дното на табелата, а до крајот на оваа година го очекува тешко гостување во Загреб против на 30. декември.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK