Англискиот првак Манчестер сити на домашен терен го совлада синоќа Ливерпул 3-2 (1-1) во осминафиналето на Карабао купот.
За Сити ова беше прва победа над Ливерпул во последните шест меѓусебни дуели, а одличната форма во продолжението на сезоната ја потврди норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд, кој го отвори резултатот со прекрасен волеј.
Стрелци за победничкиот состав беа Халанд (10 минута), Ријад Марез (47) и Натан Аке (58-, додека головите за Ливерпул ги постигнаа Фабио Карваљо (20) и Мохамед Салах (48).
Пласман во четвртфиналето, покрај Манчестер сити, обезбедија и Вулверхемптон, Саутемптон, Нотингем Форест, Њукасл, Манчестер јунајтед, Лестер и Чарлтон.
Парови за четврфиналето (9 јануари):
Саутемптон – Манчестер сити
Манчестер јунјатед – Чарлтон
Нотингем Форест – Вулверхемптон
Њукасл – Лестер
Следете не, не има насекаде