септември 23, 2024

108

Споделувања

Обвинетиот Сашо Мијалков денеска не се појави на рочиштето за предметот „Титаник 2“ за злоупотреби и влијанија во Државната изборна комисија. Мијалков не беше спроведен од затворот во Струга, каде треба да е на издржување на тригодишната затворска казна за предметот „Империја“.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Изненадувачкото отсуство на Мијалков го алармираше судот, но и ја разбранува јавноста, која се потсети на деновите кога Мијалков и во други случаи не беше достапен за органите на прогонот и правдата. Главната причина за алармот, меѓутоа, е што во март/април на Мијалков му застарува делото во „Титаник 2“ и со денешниот пропуст тој е чекор поблиску да биде ослободен од кривично гонење (откако Кривичниот суд во 2019 година го осуди, но Апелациониот суд истата година во декември ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење).

А дека е пропуст, велат од затворот во Струга. Нивното  образложение е дека имало техничка грешка од страна на Кривичниот суд Скопје. Како што објасни директорот на затворот – Валон Куља, Мијалков на 12 декември бил спроведен на судското рочиште кое беше одложено за денес, но потоа, во новото барање на Кривичниот суд за спровод на Мијалков на денешното рочиште, по грешка бил напишан истиот датум (12 декември) наместо денешниот (22 декември).

„Станува збор за техничка грешка од страна на Кривичниот суд. Во нашата институција сме примиле наредба за спровод на осудениот Сашо Мијалков на 28.11.2022 година за одредено судско рочиште на 12.12.2022 година. По оваа наредба ние сме постапиле и сме го испратиле осудениот Мијалков на рочиште. Ова судско рочиште е одложено, и потоа, на 14.12.2022 година во нашата институција пристигна пак барање од Кривичниот суд за истото лице, но, и во ова барање, датумот на судското рочиште е истиот од претходното барање, значи 12.12.2022 година. Значи евидентно е дека станува збор за техничка грешка“, изјави Куља за МИА.

Од Кривичен меѓутоа, инсистираа дека и новото барање испратено на 14 декември, се однесувало на денешниот датум.

Предмалку, од Кривичниот суд ја објавија повратницата од доставата на наредба за спровод од Затворот Струга.

„Судечкиот совет кој постапува по предметот, на денешната главна расправа, по добивање на информацијата дека обвинетиот не е спроведен од Затворот Струга, пред сите присутни странки и јавноста на судењето ја прикажа Повратницата од достава на наредба за спровод, примена во затворот на 14.12.2022 година, а на која под графата Евиденција (ЕВ) за време е наведена датата 22.12.2022 година што е показател за денот кога треба да се изврши спроводот, а која ја објавуваме во прилог на соопштението“, соопштија од Основниот кривичен суд во Скопје.

Од Судот подвлекуваат дека од судската пракса по која се постапува, наредбата може да содржи дата за насрочена прва главна расправа, а за сите понатамошни наредби важи Евидентниот број на повратницата која ја добива Затворот.

Од судот посочуваат дека со оглед дека барањето за спровод го испратиле на 14 декември, нелогично е што надлежните во затворот „мислеле“ дека се бара Мијалков да биде спроведен на 12 декември.

„Во однос на објаснувањето на Затворот Струга дека наредбата се однесува за 12.12.2022 година (кога се одржала последната расправа), особено е важно да се истакне дека Затворот истата ја примил на 14.12.2022 (евидентно од повратницата), па нејасно е како би ја спровеле наредбата два дена подоцна. Дотолку повеќе што на судењето одржано на 12.12.2022 година во присуство и на обвинетиот, неговите бранители како и спроводната служба од Затворот Струга е нагласено дека следната расправа е насрочена за 22.12.2022 година и сите присутни се сметаат за уредно повикани“, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Дури и да се работи за техничка грешка, чудно е што директорот си преќутел, коментираат судии во изјава за порталот „САКАМДАКАЖАМ.мк“. Чудно е што управата на затворот во Струга не реагирала до Судот кога виделе дека доставницата е насловена со денешен датум, а внатре има грешка, велат тие.

„Директорот си ќутел. Не се случило досега при вакви грешки внатре во поканата при пишување, а со назначен правилен датум на доставницата, директор на затвор да не се прејави и да бара корекција”, потенцирале судиите во изјавата за „САКАМДАКАЖАМ.мк“.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK