септември 23, 2024

Истрагата за Онишченко сега ќе треба да ја доврши новото раководство на Агенцијата за национална безбедност, да реферира пред Собранието и пред Владата на затворена седница и потоа да можат да се преземаат соодветни чекори согласно со наводите од таа истрага, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дали новопоставениот директор од Агенција за национална безбедност направил нова истрага во однос на случајот Онишченко, тој одговори дека истата ќе треба да ја доврши токму новото раководство.

– Собраниската комисија за надзор на безбедносните служби започна неславно со својата работа во однос на овој случај бидејќи затворена седница беше пренесувана во живо, за тоа имаше истрага од страна на МВР чии што резултати беа доставени од Собранието, бидејќи од таму беа побарани и после тоа, нормално, ќе продолжи расправата на таа седница во координација помеѓу претседателот на комисијата, претседателот на Собранието веројатно и директорот на Aгенцијата за национална безбедност, рече премиерот.

Ковачевски дополни дека таа истрага сега ќе треба да ја доврши новото раководство на Агенцијата за национална безбедност и да реферира пред Собранието и пред Владата на затворена седница и потоа, како што рече, „да можат да се преземаат соодветни чекори согласно со наводите од таа истрага”.

The post Истрагата за Онишченко ќе ја продолжи новото раководство на АНБ, вели Ковачевски appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK