октомври 27, 2024

Во подкастот „Ruthin Table 4“, Линда Еванџелиста раскажа како се изгладнувала за време на нејзината манекенска кариера.

Најлошо за неа, вели, бил десетдневниот „Master Cleanse“, модифициран пост со сок кој не дозволува консумирање храна. „Тоа вклучува само пиење солена вода и билен лаксативен чај десет дена по ред“, вели 58-годишната Линда.

„Неколку пати го пробав „Master Cleanse“, но прибегнав и кон медицинско чистење, земајќи пијалок во прав чија основа беше оризот“, додаде таа. Одеше и во„ We Care Spa“ каде пиеше само течности, главно вода со лимон и нане и чаеви. Нејзиното здравје тогаш беше многу лошо, вели таа.

„Во 90-тите, манекенките мораа да се прилагодат за да им одговара облеката“, рече таа.

„Се изгладнував на најлош можен начин. Никогаш повеќе нема да се лишам така и да направам нешто такво”, додала некогаш најубавата жена на светот.

Инаку, Линда неодамна се присети на едно трауматично искуство од почетокот на нејзината кариера и откри како била принудена да се фотографира гола кога имала само 16 години.

The post Некогаш најубавата жена на светот призна: „Се изгладнував на најлош можен начин“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK