октомври 28, 2024

Концертот на Роби Вилијамс во Сиднеј го одбележа немил настан.

Имено, додека публиката ги пееше хитовите на познатиот пејач, една од обожавателите се обиде да прескокне неколку редови за да биде што поблиску до поп ѕвездата.

Според првите информации, оваа 70-годишна жена се лизнала и паднала низ шест реда седишта на стадионот Алијанц.

Таа се здобила со повреди на главата и лицето за време на инцидентот и итно била пренесена во болница во критична состојба.

Повредената обожавателка е во кома и ќе биде на интензивна нега, пишува Дејли Мејл.

The post Обожавателка на Роби Вилијамс доживеа несреќа на концертот на пејачот: Моментално е во кома, а состојбата и е критична appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK